Достапни линкови

Дејвид Камерон на средба со Барак Обама


Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе разговара со американскиот претседател Барак Обама во Белата Куќа. Тоа е прва посета на Камерун на САД како премиер.Од Белата куќа соопштуваат дека Авганистан ќе биде приоритет на агендата. Но аналитичарите велат дека можеби Авганистан ќе биде засенет од загриженоста на САД за нафтената катастрофа во Мексиканскиот Залив, и вмешаноста на Бритиш Петролеум во ослободувањето на бомбашот од Локерби, Абдел Басет ал-Меграхи. Бритиш Петролеум се соочува со обвинение дека лобирала кај претходната британска влада за ослободување на ал-Меграхи во замена на поволни концесии за црпење нафта од Либија. Тој беше ослободен од затворот во Глазгов во август минатата година
XS
SM
MD
LG