Достапни линкови

СДСМ:оставката на Цветанов доказ за криминалот на власта


Од СДСМ оставката на директорот на Управата за спречување на перење на пари Ване Цветанов ја оценуваат како признание за криминалот на Владата. Од партијата велат дека „негативните ревизорски извештаи, криминалните јавни набавки, наместени тендери со огромни провизии, богатењето преку ноќ на истакнати функционери, станало заштитен знак на Владата и ВМРО-ДПМНЕ“. Од СДСМ велат дека Цветанов е третиот човек од власта кој јавно проговори за криминалот на Владата, по поранешниот портпарол на Фондот за здравство и државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања.
XS
SM
MD
LG