Достапни линкови

Нов удар врз фудбалската репрезентација на Франција


Француските фудбалски ѕвезди Франк Рибери и Карим Банзема биле приведени на сослушување, како дел од истрагата поврзана со мрежа на проституција. Играчите биле прашувани во врска со изјавите на една млада жена која обвинува дека неколку фудбалери од Францускиот национален тим платиле да имаат секс со неа, кога таа била малолетна, но таа изјавила дека играчите не биле свесни дека таа е малолетна. Бензема и Рибери може да се соочи со казна до три години затвор и 60 илјади долари парична казна ако бидат прогласени за виновни дека платиле да имаат секс со малолетно лице. Тоа е последниот удар за националниот тим на Франција, кој помина неславно и со скандали на Светското првенство.
XS
SM
MD
LG