Достапни линкови

ВМРО - ДПМНЕ ги негира обвинувањата на Директорот Цветанов


На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 16.07.2010 година, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го информираше Извршниот комитет дека анализата и наодите на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со случајот на г. Ване Цветанов, Директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, се издржани и се темелат на законските регулативи.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека треба да биде побарана оставка од г. Ване Цветанов.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш се борела против корупцијата и прекршувањето на законите.
Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се тие кои мораат да ги почитуваат сите законски регулативи.
Во тоа правило нема милост, ниту за оние кои се стари, ниту за оние кои се нови членови.
Г-дин Цветанов мора да се соочи со фактот дека партиската книшка не му значи ништо ако ги прекршил законите на РМ.
Демантираме дека било кој од ВМРО-ДПМНЕ понудил друга функција на г. Цветанов.
Најостро ги демантираме информации дека имало било какви партиски притисоци врз г. Цветанов.
XS
SM
MD
LG