Достапни линкови

logo-print

Кина негира дека е најголем потрошувач на енергија


Кина денеска ги отфрли обвинувањата дека е најголемиот потрошувач на енегрија во светот. Извештаите на Меѓународната агенција за енергија покажуваат дека Кина минатата година потрошила енергија еднаква на енергетската вредност на 2,25 милијарди тони нафта, и со тоа ги претекналa Соединетите држави. Но од кинеската Управа за енергија соопштил дека тие податоци не се релевантни. Според податоците на Кина, таа минатата година потрошила енергија еднаква на 2, 13 милијарди тони нафта.
XS
SM
MD
LG