Достапни линкови

САД и Јужна Кореја со заедничка воена вежба


Соединетите држави и Јужна Кореја следната недела ќе спроведат воена вежба , како дел од напорите за јакнење на нивната подготвеност против севернокорејската агресија, соопштиле секретарите за одбрана на двете земји. Роберт Гејтс и Ким Тае –Јанг денеска имаа средба во Сеул. Со вежбата двете земји сакаат да испратат порака до Северан Кореја дека агресивното однесување мора да престане. Секретарот за одбрана на САД, Роберт Гејтс престојува во посета на Јужна Кореја , а на утрешните средби со лидерите ќе му се придружи и државниот секретар Хилари Клинтон.
XS
SM
MD
LG