Достапни линкови

Буџетот во криза?


Предлог документот од последниот ребаланс на буџетот

Предлог документот од последниот ребаланс на буџетот

Владата најави повлекување на пари од квотата на ММФ. Експертите сметаат дека буџетот е доведен во криза.

Иницијативата на владата за повлекување на пари од квотата на Меѓународниот монетарен фонд е знак дека буџетот е доведен во криза, сметаат експертите. Екс-министерот Џевдет Хајредини смета дека повлекувањето на пари од ММФ, наместо склучување на аранжман не и помага на земјава:
Не помага затоа што финансиски проблеми на Македонија од ден на ден стануваат се поголеми.


„Не помага затоа што финансиските проблеми на Македонија од ден на ден стануваат се поголеми. Тие не можат веќе да најдат финансиски средства од европскиот пазар како што се направи во 2008 година со еврообврзницата, затоа што Македонија, бидејќи има катастрофално лош кредитен рејтинг, не може да најде на тој пазар средства со помала стапка до 10 отсто, а за споредба Словенија добива средства со стапка од 1 отсто.“

Професор Ванчо Узунов, пак, смета дека ваквиот потег е знак дека земјава не може да повлече пари во народната каса за да ги
Значи, да се задолжува државата со висока цена на капитал, а да ги троши за тековни расходи како што се плати и пензии, јас не сакам да кажам потежок збор, ама е недомаќински.
подмири трошоците.

„Сето ова покажува дека буџетот на Македонија влегува во критична состојба во поглед на приливот на средства во споредба со расходите.“

Се поставува и прашањето што ќе се случи ако изворите за задолжување пресушат? Дали во таква инстанца владата ќе го зголеми притисокот врз вработените и приватниот сектор со цел да ги покрие тековните расходи за пензии и плати на административците. Професорот Узунов вели дека тоа сценарио е можно.

ММФ
„Тоа е едната опција, а другата опција е да се скратат расходите или да се зголемат даноците. Да се почне со намалувањето на плати, да се доцни со нивна исплата или да се скратат некои други трошоци што ги прави владата, а тоа треба да е прво.“

Потребно е да се направат суштински реформи во трошењето на буџетските пари, смета Узунов, додавајки дека сегашните трошоци се недомаќински

„Значи, да се задолжува државата со висока цена на капитал, а да ги троши за тековни расходи како што се плати и пензии, јас не сакам да кажам потежок збор, ама е недомаќински.“

Инаку, владата од ММФ повлекува 70 милиони евра, пари кои на земјава и следуваат од специјалните права за влечење од квотата на меѓународната организација.

Погледнете ја анкетата за милсењето на граѓани за ребалансот на Буџетот и коментирајте во рубриката Хајд Парк:

XS
SM
MD
LG