Достапни линкови

ОН - Киргистанските сили вршеле тортура врз узбеците


Високиот Комесар за човекови права на ОН изјави дека има информации оти киргистанските безбедносните сили вршеле тортура и произволно задржување во јужниот дел на Киргистан каде се одвиваа етничките насилство во јуни.
Високиот комесар Нави Пилај изјави дека повеќето од нив биле млади мажи, и речиси сите Узбеци што покажува флагрантна етничка пристрасност и кршење на многу од основните постулати на киргистанското и меѓународното право. Во судирите меѓу етничките киргизи и узбеци во Ош и Џалалабад минатиот месец загинаа над 300 лица, а беа раселени 400 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG