Достапни линкови

Рускиот Патријарх Кирил во посета на Украина


Рускиот Патријарх Кирил ја започна 8 дневната посета на Украина во Одеса. Тој во Киев ќе се состане со про – рускиот Претседател Виктор Јануковиќ. Патријархот Кирил изјави дека сакал да ги види, како што вели; позитивните промени во Украина. Неговите подржувачи велат дека целта е засилување на врските меѓу двата словенски народа и обнова на односите со Православната Црква во Украина која се одели кога во 1991 Украина доби независност. За критичарите пак станува збор за ширење на руското верско и политичко влијание.
XS
SM
MD
LG