Достапни линкови

Нов напад на ПКК во југоисточна Турција - 6 мртви војници


Шест турски војници загинаа во судир со борци на терористичката Курдска работничка партија во округот Хакари, во југоисточна Турција.
Според новинските агенции, ПКК кај селото Кавушак нападнала воена единица, на што војниците одговориле на огнот. Вчера 11 војници беа ранети во истото подрачје во експлозија подметната под нивното возило. Судирите се интензивираа откако ПКК го заврши 14 месечниот прекин на огнот обвинувајки ја владата дека не прави ништо за малцинските права на курдите.
XS
SM
MD
LG