Достапни линкови

Власта и опозицијата преговараат за Собранискиот Деловник


Владејачкото мнозинство и опозицијата денеска на нова средба кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе се обидат да се усогласат околу измените на собранискиот Деловник.
Опозицијата бара да предлага по една точка на секоја нова пленарна седница и да се воспостави парламентарен механизам за контрола на трошењето на буџетските средства. ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека е најоптимално опозицијата да предлага точка на дневен ред еднаш месечно, а има резерва и дали воопшто воспоставувањето парламентарен механизам за контрола на трошењето буџетски средства треба да се регулира со Деловникот или со други правни прописи.
Власта и опозицијата по 20-дневни несогласувања вчера се договорија за составот на анкетната комисија која треба да го расчистува инцидентот што се случи во Собранието на 1 јули.
XS
SM
MD
LG