Достапни линкови

logo-print

Грција со нова емисија на државни обврзници


Грција денеска во оптек ќе пушти нова емисија на 13-неделни државни обврзници, во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра.
Денешната емисија, следи една недела по пуштањето во оптек на 26-неделните државни обврзници од кои Грција успеа да заработи 2,06 милијарди евра.
Во текот на мај Грција се најде на работ од банкрот, при што успеа да се извлече благодарејќи на пакетот помош во форма на кредити во вредност од 110 милијарди евра доделени од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија.
XS
SM
MD
LG