Достапни линкови

Обвинети 196 луѓе за заговор против владата на Турција


Турскиот суд денеска обвини 196 луѓе, вклучувајќи и четворица воени команданти за заговор во 2003-та за соборување на исламски ориентираната влада. Агенцијата Анадолија соопштува дека обвинетите сакале да создадат хаос во државата а потоа за тоа да ја обвинатат владата, а со тоа да му отворат пат за преземање на власта со воен удар. Меѓу обвинетите има над 30 воени преставници, меѓу кои и некогашни офицери и команданти кои се соочуват со најмалку 20 години казна затвор. Се уште не е закажан датум за судење.
XS
SM
MD
LG