Достапни линкови

Фармерот од Битола се уште во притвор


Приведување на фармерот Душко Илиевски

Приведување на фармерот Душко Илиевски

Политички монтиран процес или вистина? Фармерот Душко Илиевски е во притвор за наводно одгледување марихуана.

2008 година избувна аферата „Сведмилк“. Млекарницата прелажа 1200 македонски фармери десет месеци собирајќи им го млекото, без да го плати. Фармерите стигнаа до питачки стап. Ги породаваа кравите за да преживеат. Протестираа, правеа блокади, кои на сила беа пробивани. На чело на протестите застана 34-годишниот битолчанец Душко Илиевски, дотогаш непознат за македонската јавност. Без влакна на јазикот обвини дека државата е замешана во криминалот тешок милиони евра. По ова го стигнаа три прекршочни пријави меѓу кои едната за навреда на премиерот Груевски.

Фармерот Душко Илиевски
„Дојдовме побаравме средба со премиерот да ни каже дали со Сведмилк ќе бидеме обештетни или не. Полицијата ни се закани да се тргнеме на страна и ни кажа дека немаме никаков пристап до премиерот. Немаме надеж, значи сме излажани до крај“, велеше Илиевски на протестите
Немаа како да ме затворат вака сега почнаа да ме затвораат, за инает, за
Груевски.


Деновиве полицијата му стави лисици на рацете. Му поднесе кривична пријава за одгледување на марихуана на нивата во Градско Поле, каде на сите парцели од памтивек расте самоника дива маририхуана.

„Немаа како да ме затворат вака сега почнаа да ме затвораат, за инает, за Груевски“, рече битолскиот фармер, додека врзан го носеа на сослушување во битолскиот суд.

Заедно со него притворени беа неговиот татко и брат.

„Ова е кош трева, див коноп. Дали ние ова го одгледуваме? Дали е ова марихуана? Ова е компир. Да не се будали ја има низ цело
Има доста див коноп во Градско поле. Покрај меѓите го има на многу места. Досега не сме забележале акција од државата за истребување. Расти како троскот, големо до 2 метри, ни наводнато ни ништо.
Градско Поле. Ќе донесиме и сведоци по 80 години“, вели мајката на Душко, Лиле Илиевска.

И други земјоделци потврдуваат дека нивите се обраснати со саморастечка марихуана.

„Има доста див коноп во Градско Поле. Покрај меѓите го има на многу места. Досега не сме забележале акција од државата за истребување. Расти како троскот, големо до 2 метри, ни наводнато ни ништо.“

Според адвокатот на Илиевски, Борис Кондарко, ова е монтиран политички случај зашто фармерот ја критикувал власта јавно на митингот на СДСМ во Скопје.

„Класично местење на осомничениот, класична одмазда против него зашто застана на страната на фармерите кои се побунија против нивната измама од страна на владата“, изјави Кондарко.

Полицијата ги обвини дека одгледувале и произведувале дрога зашто на нивата нашла 203 стебла канабис сатива, но не и алатки за производство на дрога. Сега тој ќе треба да докаже дека не одгледувал марихуана среде поле каде сама никне на диво. А за работа го чекаат погоните со компир како и двете малолетни деца кои треба да ги прехрани.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG