Достапни линкови

ОН:Авганистан и понатаму приоритет


Шефот на ОН, Бан Ки-Мун, го повика претседателот Хамид Карзаи на меѓународната конференција која ќе се одржи во вторник во Кабул да презеде конкретни чекори и да докаже дека владата е посветена на промовирање на националното помирување во државата. Генералниот секретар на ОН кој ќе присуствува на состанокот, изјавил дека Авганистан и понатаму е приоритет за меѓународната заедница и за ОН. На конференцијата ќе присуствуваат 70 официјални преставници, 40 министри за надворешни работи, меѓу кои и американскиот државен сексретар Хилари Клинтон. Авганистанските власти планираат конференцијада ја искористат да ги престават своит едосегашни постигнувања во економскиот и социјалниот развој, владеењето на правото , подршката за човекови права, и да ја соопштат стратегијата за понатамошно управување со земјата.
XS
SM
MD
LG