Достапни линкови

За убиството на новинарот во Атина виновни од„Секта на револуционерите“


Грчката полиција го поврза денешното убиство на грчки новинар во Атина со грчката терористичка организација „Секта на револуционерите“.Според полицијата, пронајдените чаури во реонот се од два деветмилиметарски пиштоли, какви што користат во организацијата. Грчкиот новинар Сократис Гиолиас бил убиен изутринава во Атина. Убиството се случило кога, како што изјавила неговата сопруга, непознато лице заѕвонило на вратата на нивниот дом и му рекло на новинарот дека некој се обидува да му го украде автомобилот. Гиолиас се симнал на паркингот пред зградата, каде што непознати лица отвориле оган и го усмртиле со 20 куршуми
XS
SM
MD
LG