Достапни линкови

Повеќе граѓани на Црна Гора против членството во НАТО


Зачленувањето на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 32 проценти од црногорските граѓаните, а 40 отсто се против. Две третини од населението сметаат дека референдумот е најдобар начин за донесување одлука за членство на земјата во Алијансата, покажа истражувањето на Центарот за демократска транзиција На прашањето, доколку утре на референдум би се решавало за членство на Црна Гора во НАТО, само 32 отсто од испитаници одговориле дека ќе гласаат „за“. Во споредба со резултатите од ланските истражувања на ЦЕДЕМ, ваквиот процент значи благо зголемувањето на оние кои го поддржуваат членството на Црна Гора во НАТО.
XS
SM
MD
LG