Достапни линкови

Гејтс во посета на Јужна Кореја


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс пристигна во Јужна Кореја да ја искаже подршката што Вашингтон ја пружа на таа земја. Посетата на Гејтс доаѓа во време кога повторно се зголемија тензиите меѓу двете Кореи, по потопувањето на јужно корејскиот воен брод во март, за кој западот ја обвинува Северна Кореја. На Гејтс ќе му се придружи и државниот секретар Хилари Клинотн која во Јужна Кореја ќе пристигне во текот на неделава. Таа ќе има средба со тамошните лидери на која ќе разговарат за тоа како да се заштити земјата од идни напади.
XS
SM
MD
LG