Достапни линкови

Опозицијата во Србија бара расправа по одлуката за Косово


Либерално демократската пaртија во Србија бара од владата веднаш по соопштувањето на ставот на Меѓународниот суд за правда по прашањето за независноста на Косово да се одржи специјалн владина седница на кој ќе биде утврдена нова политика на Србија кон Косово во наредниот период. За претседателот на партијата седницата е важна за Србите на Косово и за сите граѓани на Србија и без таква расправа многу тешко партиите ќе се усогласат за нова политика кон Косово. Меѓународниот суд за правда во четврток треба да го каже мислењето за тоа дали прогласувањето на независност на Косово е според меѓународното право.
XS
SM
MD
LG