Достапни линкови

logo-print

На конференцијата во Кабул и делегација од Иран


На утрешната меѓународна донаторска конференција во Кабул, ќе присуствува и иранска делгација предводена од министерот за надворешни работи Манучер Мотаки, јавува иранската државна телевизија. На состанокот ќе присуствува и американскиот државен секретар Хилари Клинтон, но засега не е предвидена средба меѓу делегациите на Иран и САД. Американската администрација го обвинува Иран дека им помага на Талибанците, но Техеран тоа го негира. На утрешната конференција во Кабул, авганистанските власти треба да ги презентираат резултатите постигнати во изминатиот период, но и својата стратегија за понатамошен развој.
XS
SM
MD
LG