Достапни линкови

Бугарија ќе затвори 30 конзуларни преставништва


Бугарија ќе затвори 30 дипломатски преставништва. Министерството за надворешни работи составило список на преставништва кои треба да се затворат во рамки на реформата на дипломатските служби. На списокот има конзулати и дипломатски бироа во земји од ЕУ и членки на НАТО. Според бугарското МНР затворањето ќе се врши во следните две, три години ,па така списокот може да претрпи и одредени измени. Според софиските медиуми затварањето на преставништвата е од финансиски причини.
XS
SM
MD
LG