Достапни линкови

Тачи во посета на САД


Премиерот на Косово Хашим Тачи денеска ја почнува посетата на Соединетите држави каде што, меѓу другото, ќе разговара и со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Според оценките на медиумите во Приштина, оваа посета се доведува во врска и со објавувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата за легитимноста на прогласената косовска независност на 22 овој месец. Министерството за надворешни работи на Косово најави дека своите чекори по објавувањето на мислењето ќе ги координира со меѓународните партнери и Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG