Достапни линкови

Ахмадинеџад ги обвини САД за тероризам


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека Иран ќе поднесе жалба до меѓународните институции поради крвавиот бомбашки напад врз џамија, од бунтовничка група за која тој рече дека е „подржана од Американците“.
Во двоен самоубиствен бомбашки напад врз џамија во југоисточен Иран, во четвртокот загинаа 28 луѓе. Нападот го изврши бунтовничката организација Џундула, како одмазда поради егзекуцијата на нивниот лидер од иранските власти во јуни.
Претседателот Обама и американската администрација го осудија нападот.
XS
SM
MD
LG