Достапни линкови

Бомбаши самоубијци ги извршиле нападите во Уганда


Полицијата во Уганда верува дека двајца бомбаши самоубијци се виновни за нападите кои минатата недела се случија во градот Кампала при што загинаа 73 фудбалски фанови додека гледаа финале на Светското првенство во фудбал. Началникот на полицијата соопштил дека по направената реконструкција на настанот нашле докажи што укажуваат дека едниот од самоубијците е со сомалиско потекло а другиот е африканец со неодредено потекло. Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската група Ал Шебаб приврзаници на Ал Каеда. Нападот е одговор на учеството на војниици од Уганда во Сомалија, како дел од силите на Африканската унија за поддршка на преодна федералната влада
XS
SM
MD
LG