Достапни линкови

И Шпанија ќе расправа за забрана на бурките


Парламентот во Шпанија ќе го разгледува предлогот за забрана на носење бурки во јавноста. Со тоа Шпанија ќе им се приклучи на останатите европски земји кои размислуваат за таков чекор. Од опозициската Народна партија соопштиле дека тие ќе ја покренат расправата во долниот дом на Парламентот . Министерот за правда изјавил дека Владата ја подржува забраната за носење на бурки во владините институции. Тој изјавил дека тие ќе бараат во законот за верски прашања да се воведе ограничување на носењето превези, кои според него ја уништуваат жената.
XS
SM
MD
LG