Достапни линкови

Турција не ги отвара границите кон Ерменија


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ги демантираше тврдењата на медиумите во земјата и странство дека Турција наскоро ќе ги отвори гранциите кон Ерменија. Некои светски агенции и локални медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, јавија дека Турција привремено ќе го отвори граничниот премин Догукапи со цел војници и опрема на НАТО да поминат во Ерменија, каде од 11 до 17 септември ќе се одржи заедничка воена вежба. Анкара ги затвори границите кон Ерменија во 1993 година во знак на поддршка на Азербејџан кој е во спор со таа држава околу статусот на провинцијата Нагорно-Карабах.
XS
SM
MD
LG