Достапни линкови

Милошоски на средба со потпретседателката на ЕК


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министери на Советот на Европа, утре во Брисел ќе се сретне со потпретседателот на Европската комисија и комесар за правда, фундаментални права и државјанство, Вивијан Рединг. Од македонското МНР соопштуваат дека на средбата ќе се дискутира за соработката меѓу Советот на Европа и Европската унија, и за пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права .Официјалните разговори за пристапувањето на ЕУ кон Европската конвенција за човекови права започнаа на 7 јули во Стразбур .
XS
SM
MD
LG