Достапни линкови

Во четврток одлука за независноста на Косово


Меѓународниот суд за правда со седиште во Хаг во четврток ќе го објави своето советодавно мислење за тоа дали прогласувањето на независност на Косово е според меѓународното право. Судот треба да се произнесе по барањето на Србија да се приспита независноста на Косово. Хрватскиот претседател кој денеска престојува во Србија, изјави дека неговата земја нема да се меша во решавањето на прашањето меѓу Белград и Приштина. Хрватска ја призна независноста на Косово ,а тоа допринесе за влошување на односите меѓу Србија и Хрватска.
XS
SM
MD
LG