Достапни линкови

Ештон бара Израел да ја олесни блокадата на Газа


Европскиот комесар за надворешни работи Кетрин Ештон, за време на денешната посетата на Газа изјави дека Европската Унија сака Израел да ја олесни блокадата на појасот. Таа изјави дека ставот на ЕУ е јасен, тие сакаат луѓето да можат да се движат слободно и да има размена на стока , да влегуваат , но и да излегуваат од Газа. Ештон ветила дека за тоа прашање ќе разговараат и со израелскиот премиер Бенјамин Нетенхају со кој е планирано да се сретне подоцна денеска. Ештон изјавила дека најдобрата опција за Газа е да и се отворат копнените граници
XS
SM
MD
LG