Достапни линкови

На иранскиот научник САД му понудиле да биде разменет со 3 шпиони


Иранскиот физичар Шахрам Амири кој тври дека во јуни 2009-та од Саудиска Арабија го киднапирале американски агенти , изјави дека САД му понудиле да биде дел од замената на шпиони со Техеран. Во интервју за иранската телевизија, тој вели дека разузнавачките служби на САД му понудиле тој да биде заменет со тројца шпиони уапсени во Техеран. Тројцата американски туристи за кои Иран смета дека се шпиони се уапсени во јули минатата година на границата со Ирак. Амири изјавил дека американските агенти сакале тој да изјави дека е ирански агент кој се инфилтрирал во америаксните служби , па дури тогаш може да биде дел од размената.
XS
SM
MD
LG