Достапни линкови

Четворица загинати во нападот во Кабул


Во самоубиствениот напад во центарот на авганисканскиот главен град Кабул, загинале 4 луѓе а најмалку 5 се повредени. Очевидците на настанот велат дека бомбата била наменета за конвој на НАТО силите кој во тој момент поминувал во близина на една клиника.Нема податоци за тоа дали има жртви во редовите на НАТО. Нападот е на два дена пред одржувањето на меѓународниот самит на кој ќе присуствуваат преставници од 60 земји. На тој собир ќе се разговара за планот до 2014-та меѓународните сили да се повлечат и да им ја препуштат командата на авганистанските власти. На самитот ќе присуствуваат и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.
XS
SM
MD
LG