Достапни линкови

Клинтон во посета на Пакистан


Државниот секретар на Соединете држави Хилари Клинтон пристигна во Пакистан во рамки на нејзината турнеја низ Јужна Азија . При посетата на Исламабат Клинтот ќе ја истакне потребата од авганистанско-пакистанската соработка во војната. Таа ќе објави и дека САД планираат да ја зголемат помошта за развој на Пакистан. Клинтон ќе се сретне со пакистанскиот премиер Јусуф раза Гилани и со претседателот Асиф Али Зардари. Во вторник Клинтом ќе отпатува за Авганистан каде треба да учествува на меѓународната конференција ,на која треба да ја повтори подршката на Авганистан од страна на САД и да го „притисне“ претседателот Хамид Карзаи да си ги исполни ветувањата за реформите. Клинтон сака од соседните земји да соработуваат во борбата со Талибанците и Ал Каеда. На крајот државниот секретар ќе ги посети Јужан Кореја и Виетнам.

XS
SM
MD
LG