Достапни линкови

Убиени 5 војници на НАТО во Авганистан


Петмина војници на НАТО се убиени во Авганистан во експлозии на крајпатни бомби, соопштуваат од Алијансата. Од таму велат и дека нивен командант бил заробен во петокот од страна на Талибанците. Безбедноста во главниот град Кабул е зголемена заради одржувањето на меѓународната конференција која треба да се одржи во вторник на која ќе учествуваат преставници на 60 земји, меѓу кои и државниот секретар на Соединетите држави, Хилари Клинтон. Од НАТО соопштуваат и дека заедничките сили пронашеле речиси 1,8 тони обработен хероин, 800 килограми опиум и 90 килограми амониум нитрат во јужната провинција Хелманд. Од амониум нитратот можат да се изработат 25 бомби.
XS
SM
MD
LG