Достапни линкови

Ештон се среќава со лидерите на Палестинците и Израелците


Европскиот комесар за надворешни работи Кетрин Ештон деенска пристигна во Рамалах на разговори со палестинскиот премиер Салам Фајад. Ештон е во региот во обид да го заживе мировниот разговор меѓу Палестинците и Израел. Ова е втора посета на Ештон на регионот оваа година. Комесарот за надворешни работи ќе разговара и со преставници на Израел и тоа со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, со министерот за надворешни работи Авигор Либерман , и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG