Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ не одлучи за испраќање на полиција во Киргистан


Министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ денеска на состанокот во Алмати не успејаа да се договорат за испраќање на полициски сили во Киргистан за нормализирање на состојбата по минатомесечните немири. Дипломатите од 56-члената организација за безбедност и соработка во Европа денеска разговараа за барањето на киргистанската лидерка Роза Отумбаева, да се испратат полицајци во Киргистан, но не успејаа да го одредат датумот.
XS
SM
MD
LG