Достапни линкови

Германија со поголем економски раст од очекуваното


Официјален Берлин соопштува дека економскиот раст за оваа година може да биде повисок од предвиденото. Во интервју кое треба да биде објавено утре во германски магазин, министерот за економија Рајнер Брудерле вели дека владата досега прогнозирала раст од 1, 4 проценти, но дека е сигурен дека до крајот на годината ќе биде значително поголем. Тој посочува дека извозната индустрија предничи во опоравувањето на германската економија.
XS
SM
MD
LG