Достапни линкови

logo-print

Груевски:СДСМ заменува тези


Премиерот Никола Груевски ги повика пратениците на СДСМ заедно со нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ да седнат и заедно да ги решат проблемите со формирање на комисијата за собранискиот инцидент и за Деловникот, бидејќи нерешавањето може да и нанесе штета на Македонија. Тој одговарајќи на прашање за тоа дали постои евроскептицизам во земјата, одговорил дека не е можно Влада која со голема брзина ги исполнува реформите да биде евроскептик, тука дека станува збор за замена на тези. Тој за замената на тезите ја обвинил СДСМ . За последните изјави од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, дека апсењето на фармерот Илиевски е вандализам на власта, Груевски рекол дека Црвенковски само продолжува со говорот на омразата, а тоа ја уназадува државата и влијае врз нејзиниот имиџ пред европските институции.
XS
SM
MD
LG