Достапни линкови

logo-print

Милошоски на состанок на ОБСЕ во Казахстан


Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски по обраќањето на состанокот на ОБСЕ во Казахстан изјавил дека напредокот кој Македонија го остварила откако е востановена мисијата на ОБСЕ во земјата, треба да послужи како добар аргумент за ремоделирање на мисијата на организацијата. Станало збор и за зголемување на соработката меѓу Советот на Европа и ОБСЕ. На состанокот се разговарало и за состојбата после вооружените конфликти во Киргистан и начините на коишто земјите-членки на ОБСЕ можат да и помогнат на земјата во напорите за стабилизација. А била донесена и одлука после 11 години да се одржи следниот Самит на шефови на држави и влади во текот на ноември во Астана, Казахстан.
XS
SM
MD
LG