Достапни линкови

Казахстан:ОБСЕ да испрати свои сили во Киргистан


Казахстан се надева дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа официјално ќе го одобри распоредувањето на полициската мисија во Киргистан , на денешниот неформален состанок на ОБСЕ што се одржува во Алмати. Казахстанскиот државен секретар и министер за надворешни работи Канат Саудабаев изјавил дека треба да се донесе одлука за испраќање на сили во градовите Ош и Џалалабад затоа што тешката ситуација во Киргистан може да влијае на дестабилизацијата на целиот централно азиски регион.
Казахстан, кој претседава со ОБСЕ, изрази поддршка за ангажирање на полицијата во Киргистан . Претходно планот го подржаа и САД, Германија, Франција и многу други земји
XS
SM
MD
LG