Достапни линкови

logo-print

Од тајфун кој ги погодил Филипини и југот на Кина, 55 мртви


Најмалку 55 луѓе загинале во тајфун кој ги погодил Филипините и југот на Кина , соопштиле локалните власти. Филипинските власти предупредиле дека бројот на жртвите може и да е поголем бидејќи 86 луѓе се водат за исчезнати. Од невремето се уништени и илјадници домови и стотици бродови кои се наоѓале на пристаништата.
XS
SM
MD
LG