Достапни линкови

Нереди во францускиот град Гренобал


Во францускиот град Гренобал утрово имало нереди, пукањa,биле запалени повеќе автомобили, по погребот на 27-годишниот Карим Будудо, кој бил застрелан од полицијата при грабеж на казино. Демонстрантите, пукале врз полицијата, а таа одговорила на истрелите, соопштиле од полицијата. Во нередите биле запалени триесетина автомобили и неколку продавници, а разбеснетите демонстранти, претежно млади луѓе, со безбол палки и со шипки нападнале трамвај и ги принудиле патниците да го напуштат. Полицијата привела и некои од демонстрантите.
XS
SM
MD
LG