Достапни линкови

Иран:Западот и Израел виновни за бомбашките напади


Иран ги обвинува Западот и Израел за бомбашките напади во југоисточната провинција Систан-Белуџистан во четвртокот во кој загинаа 27 луѓе .Државната телевизија денеска го цитираше заменик-министерот за внатрешни работи Али Абдолахи кој вели дека нападите ги спровеле платеници на западните сили. Соопштението на иранските власти доаѓа и покрај осудите на нападот од страна на ЕУ, САД и ОН. Иран ги обвинува САД и Британија за поддршка на организацијата Џандолах која ја презеде одговорноста за нападот.
XS
SM
MD
LG