Достапни линкови

Бугарија најнерационално троши европски пари


Брисел ја рангираше Бугарија на првото место по нарушување на финансиската дисциплина на Европската Унија , се наведува во извештајот на Европската комисија. Во Бугарија пријавите за нерегуларности во 2009 година во однос на претходната година се зголемени за 134 проценти. Комисијата посебни забелешки има на користењето на средствата од претпристапните фондови ФАР, ИСПА и САПАРД. Од средствата според проектот САПАРД, Бугарија треба во европскиот буџет да врати 41 милион евра, а сите останати држави-членки заедно - 20 милиони евра. Брисел не е задоволен бидејќи Бугарија не дејствувала превентивно, туку чекала ревизија по што ги признала нерегуларностите.
XS
SM
MD
LG