Достапни линкови

Турчинот Диријоз е заменик генерален секретар на НАТО


Турчин стана втор човек на НАТО, со што е исполнет еден од условите кои Анкара ги постави минатата година за да се согласи со изборот на Андерс Фог Расмусен за генерален секретар на Алијансата.
За прв заменик на Расмусен беше назначен Хусеин Диријоз, главен советник за надворешни прашања на турскиот претседател. Диријоз ќе биде одговорен за политиката на одбрана и планирањето, изјави портпаролот на НАТО.
Турција првично се спротивстави на кандидатурата на Расмусен поради тоа што како премиер на Данска не презел мерки против данскиот весник кој во 2005 година објави карикатури на пророкот Мухамед, кои предизвикаа тензии во муслиманскиот свет.
XS
SM
MD
LG