Достапни линкови

logo-print

Милошоски во Алмати - билатералки со Израел, Украина и Казахстан


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска на маргините на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Алмати, имаше неколку билатерални средби со своите колеги од Израел, Украина и од домаќинот Казахстан, земја претседавач со ОБСЕ во 2010 година.
На разговорите со Авигдор Либерман, Константин Гришченко и Канат Саудабајев, како што соопшти Министерството за надворешни работи, Милошоски ја промовирал кандидатурата на Република Македонија за членство во Советот за човекови права на Обединетите Нации со седиште во Женева за периодот 2013-2016 година.
Состанокот продолжува утре кога е предвидено обраќањето на Милошоски за интензивирање на дијалогот и соработката во областа на безбедноста во Европа и учеството на Македонија во промовирањето на вредностите, стандардите и принципите на ОБСЕ, се вели во соопштението на МНР
XS
SM
MD
LG