Достапни линкови

Турција во нова акција против Ал Каеда


Турската полиција денеска уапси 29 лица, осомничени за поврзаност со терористичката мрежа Ал Каеда.
Повеќето од апсењата се направени во Адана, но и во Истанбул, во Анталија, на средоземноморското крајбрежје и во Чанак Кале, во северозападниот дел на земјата.
На 9 јули турските власти уапсија други 28 лица, исто така осомничени за поврзаност со Ал Каеда.
По двата самоубиствени напада во Истанбул во 2003 година, турската полиција редовно извршува апсења на осомничени терористи.
XS
SM
MD
LG