Достапни линкови

Нема договор за составот на Анкетната Комисија и собранискиот Деловник


Власта и опозицијата и денеска не се договорија за составот на анкетната комисија за инцидентот во Парламентот на 1 јули и за измените на собранискиот Деловник.
Претсавниците на СДСМ ја напуштија координацијата со образложение дека не било прифатено нивното барање со одлуката за формирање на Комисијата да се утврди и нејзиниот персонален состав, а дури потоа да се разговара за Деловникот. Коориднаторот на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева изјави дека жали поради недовербата што ја искажува опозицијата кон парламентарното мнозинство.
XS
SM
MD
LG