Достапни линкови

logo-print

Њујорк тајмс: иранскиот научник бил шпион на ЦИА


Весникот Њујорк тајмс пишува дека иранскиот научник Шахрам Амири, кој тврди дека пред една година бил киднапиран од ЦИА, бил информатор на американската разузнавачка агенција во Иран и тоа неколку години. Весникот цитира официјален американски претставник кој вели дека Амири дал детални информации за тоа како универзитетот во Техеран станал таен штаб на иранската нуклеарна програма. Амири вчера пристигна во Техеран при што изјави дека бил изложен на интензивен психолошки притисок за да соработува.
XS
SM
MD
LG