Достапни линкови

logo-print

Летна „печалба“ за крадците


Летото најпогоден период за ,,заработувачка" за крадците

Летото најпогоден период за ,,заработувачка" за крадците

Изминативе две години регистрирани се над илјада кражби само во летната сезона кога повеќето граѓани се на одмор.

Крадците не одат на годишен одмор. Летниот период кога сите се на одмор тие се на „печалба“. Обивањето им оди лесно, насилно влегуват на влезна врата и најчесто крадат пари и златен накит. Упатените во оваа област велат дека тоа е најпривлечниот плен, бидејќи златото лесно се продава во златарските дуќани. Лани, само во Скопје, за време на летниот шпиц регистрирани се 128 кражби по куќи и станови додека на ниво на Македонија во изминативе две години регистрирани се над илјада кражби само во летната сезона.
Граѓаните велат дека се трудат да не го остават својот дом празен за време на годишниот одмор.
Со децата сме наизменично на одмор, ако тие се на одмор ние сме дома и обратно, така што не оставаме стан сами


„Со децата сме наизменично на одмор, ако тие се на одмор ние сме дома и обратно, така што не оставаме стан сами.“

„Јас сум во куќа, имаме стар човек и никогаш не сме сами.“

„На два спрата ни е куќата, долу е свекор ми, и практикуваме некој да е тука.“

Некои граѓани преземаат и сериозни мерки за заштита на својот дом.
Ние имаме поставено сигурносен систем нон-стоп, имаме поставено камери, имаме сигурносни врати... А другото кој сака да украде, тие крадат банки, а не пак кај нас


„Куќата ми е осигурана, иако тоа за крадците не значи кога ќе направат оштета.“

„Во дуќанот имаме безбдносни камери, куче, имаме алат.“

„Јас сум на село и имаме куче во дворот, железна врата, добро затворена и тоа.“

„Ние имаме поставено сигурносен систем нон-стоп, имаме поставено камери, имаме сигурносни врати... А другото кој сака да украде, тие крадат банки, а не пак кај нас.“

Но, оние што немаат пари за да си го дозволат ова велат дека и нема што да се украде па си оставаат и
Тие што имаат, ставаат сигурносни врати. Ние што немаме, што ќе ставаме, што ќе ни украдат нас?
отворени врати.

„Тие што имаат, ставаат сигурносни врати. Ние што немаме, што ќе ставаме, што ќе ни украдат нас?“

„Тој што има сигурно ги става во сефови, за заштита. Ние обичните граѓани, што ќе ни украдат нас? Нема што. Знаат крадците каде да влезат.“

Познавачите предупредуваат парите и скапоценостите да не се чуваат во садови на кујнските полици, под перници или меѓу алиштата во плакарите. Крадците знаат дека таму може да го најдат пленот. Експертите додаваат дека ако се оди на подолг пат или на одмор, домаќините треба да ги оставаат скапоценостите во сеф во банка или кај пријатели во кои имаат доверба. Се препорачува и оставање на поодтворени ролетни, запалени светла или пуштено радио за да се остави впечаток дека некој, сепак е дома.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG