Достапни линкови

Урбана мафија


Градби без паркинг простор, без почитување на градежните височини...

Градби без паркинг простор, без почитување на градежните височини...

И покрај најавената битка, сузбивањето на урбаната мафија оди тешко. И натаму се гради неплански, а жртви се обичните граѓани.

Урбаната мафија е нешто слично на математичка аксиома. Велат вистина е ама не се докажува, па нејзиното постоење е јавна тајна. Се гради неплански, на места каде што не смее да има објекти или не се предвидени баш такви какви што се градат. Се менуваат урбанистички планови за лични интереси. Судските разврски за криминал во урбанизмот ретко се гледаат во јавноста. Граѓаните велат дека во Македонија постои урбана мафија, но подобро е да не зборуваат и да не спомнуваат имиња, затоа што може да налутат некого, па лошо да си поминат.

,,Конкретно за мојот стан, односно зградата, знаеше градоначалникот дека овој човек не ги завршил работите, а им дозволија друга зграда да прават."
Конкретно за мојот стан, односно зградата, знаеше градоначалникот дека овој човек не ги завршил работите, а им дозволија друга зграда да прават

Скопје има ,,турбо фолк" архитектура, велат експертите
,,Урбаната мафија што е, не се води сметка за план, се прават објекти без никаков стандард, различна висина, без дозволи."

,,Ако не постои во Македонија, каде би постоела? Имаме примери, гледаме."

Урбаната мафија функционира со институционална помош

Во Скопје се гради со полнa пареа. Со една прошетка низ центарот на градот со голо око се забележуваат неправилности, објекти без паркинг простор, а зеленилото како да сме заборавиле и како изгледа покрај шарените згради наоколу. Тераси, кои како плодови надвиснале врз тротоарите. До душа, тротоари некаде и нема. Сево ова само го надополнува урбаниот хаос, слика на која граѓаните се навикнале, зашто со овој проблем израснаа и новите генерации. Граѓаните велат дека за да функционира урбаната мафија потребна и е институционална помош.

,,Самиот збор мафија, значи негативно во вистинска смисла на зборот. Така ли е? Епа што да дискутираме повеќе. Ако тие што што се надлежни не го спречуваат тоа, тогаш што да дискутираме ние обичните луѓе."

,,Затоа што е поврзана со власт, ако власта не ја толерира нема да има ниту урбана мафија, тоа е логично."

,,Луѓе блиски до власта."
Самиот збор мафија, значи негативно во вистинска смисла на зборот. Така ли е? Епа што да дискутираме повеќе. Ако тие што што се надлежни не го спречуваат тоа, тогаш што да дискутираме ние обичните луѓе

Со сличен став се и луѓето кои анонимно пишуваат за својата мака на интернет.

„Како функционира урбаната мафија? Откако ќе се најде жртва за градење инвеститорот склучува пред-договори со наведените теренски играчи кои служат како заштита, а паралелно инвеститорот склучува пред-договори со обични граѓани кои сакаат да си купат стан. Теренските играчи воопшто не се појавуваат на објектот што се гради така што обичните луѓе не можат да дознаат дека становите имаат двојни договори. Откако ќе се ’пушти муабет‘ дека инвеститорот заглавува или веќе заглавил финансиски, теренските играчи шират афера меѓу обичните купувачи дека зградата е дивоградба и треба да се руши и дека инвеститорот има уште една зграда за градење(во почетна фаза) и дека истата е легална со дозвола за градење. И тука почнува да се одмотува клопчето.“

Вака на интернет форумите и блоговите, жртвите на овој криминал ја опишуваат својата голгота со урбаната мафија. Тие го користат превезот на анонимност што го нуди интернетот за да се заштитат од притисоци и закани.
На интернет страницата Јутјуб се постирани и аудио записи за афери со урбаната мафија. Дел од ’паталците‘, преку интернет се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста, а воедно и сами да ја истерат правдината, но не секогаш успеват во тоа.

Решавањето на аферата ,,Фиком" тапка во место


Последна голема афера што ја памти јавноста е со фирмата Фи-Ком која измами група граѓани со што еден ист стан им го препродавала на неколкумина. Сопствениците на фирмата, брачниот пар Николиќ се осудени на по 10 години затвор и обврска да вратат 30 милиони евра. Спорот се уште не е завршен. Голем дел од измамените се уште се обидуваат да докажат кој е вистински сопственик на станот што е продаден на неколкумина. Нотарот Лорија Ваневска, која во тој период била правен застапник на измамените, вели дека самите закони имат аномалија со што индирекно се дозволуваат ваквите измами.

,,Имено никаде во законот не стои обврска да инвеститорите становите коишто ги продаваат во градба, да бидат евидентирани како
Имено никаде во законот не стои обврска да инвеститорите становите коишто ги продаваат во градба, да бидат евидентирани како такви. Значи Катастарот не ги прибележува овие договори за заедничка градба, и не постои никаква евиденција за тоа колку станови продала една градежна фирма додека објектот е во градба и со самото тоа се отвара манипулација да еден исти стан се продаде на повеќе луѓе
такви. Значи Катастарот не ги прибележува овие договори за заедничка градба, и не постои никаква евиденција за тоа колку станови продала една градежна фирма додека објектот е во градба и со самото тоа се отвара манипулација да еден исти стан се продаде на повеќе луѓе."

Како ќе се вклопи проектот ,,Скопје 2014" во сегашниот изглед на градот?
Ваневска вели дека засега, за измамените од брачниот пар Николиќ, целата ситуација тапка во место.

,,Сеуште никој нема земено никаква отшета од Фиком, од причина што за Фиком е поведена стечајна постапка, значи тоа е сеуште во процедура. Во тек се сопственички тужби во однос на становите кои што беа на оние договори што се склучувани и се додека Судот не одлучи чии се тие станови, состојбата ќе тапка во место."

Жртви на урбаната мафија стануваа обичните граѓани кои ги почитуват општествените норми и правила.
Жителите на скопската населаба Хром се жалат дека во нивната населба каде претежно се изградени куќи со најмногу три ката, односно градби за индивидуално домување, инвеститор се обидел да изгради зграда со 12 станови. Жителите се побунија, протестираа 6 месеци секој ден, поставија барикади пред недоизградената зграда и на смени дежураа не дозволувајќи му на инвеститорот да продолжи со градбата. Претставникот на координативното тело кое се грижеше за правната битка во институциите вели дека проблемот бил во општината што издала одобрение за градба на место каде што не е дозволено да се гради објект од таков вид.

,,Со протестот ние успеавме да ја пролонгираме градбата, односно да не му дозволиме на инвеститорот да гради се до оној момент додека Судот не донесе конечна судска одлука, односно поништување на одобрението за градење."

Само минатата година, повеќе од 100 луѓе се пожалиле кај Народниот правобранител дека се жртви на таканаречената урбана мафија. Само годинава се пожалиле 60-тина луѓе. Потпаролката на Народниот правобранител, Уранија Пировска вели дека постапиле по жалбите кои биле основани и дале претставка до надлежното министертво, односно до Министертвото за транспорт и врски. Таа додава дека Министертвото постапило само по половина од поднесените претставки. Пировска вели дека граѓаните најчесто се жалат на ненавремено интервенирање на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

,,Многу често се случува самата градба да биде изведена сосема, па потоа доаѓаат на ред потешкотии со извршување на решение за уривање, бидејќи многу често се работи за големи градби, понатаму не се уриваат бесправните објекти итн. Ние изминатите години бевме буквално преплавени од преставки кои што се однесуваат на неизвршување на решенија за уривање и сето тоа повторно на крајот се должи на тоа дека не се врши инспекторски надзор."

Пировска додава дека и покрај пријавувањето на граѓанинот, инспекторите не излегуваат на лице место, па бараат интеревенција на Народниот правобранител, за инспекторот да излезе на лице место и да констатира дека објектот е бесправно изграден.
Надвор од оние официјални урбанистички услови што се издадени, сеуште можат да изградат нешто плус, да додадат, да надградат, и тоа прави потоа една лоша слика кај другите инвеститори затоа што тие понатаму се подведуваат под тие услови и си велат, како може некој да гради на тој начин, а ние да се придржуваме до условите


Минатата година регистирани две илјади бесправно изградени објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија во 2009-тата година се регистрирани речиси две илјади бесправно изградени објекти. 97 отсто од нив се во приватна сопственост. Од дивоградбите што ги евидентира заводот за статистика, речиси 800 се згради.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пред четири години во интервју за Радио Слободна Европа најави еден вид војна со урбаната мафија. Тогаш тој изјави дека Министертвото работи на терен и собираат податоци од градоначалниците. Притисокот ќе се зголеми и секој ден ќе се откриваат нови градби, рече тогаш Јанакиески.

Поранешната директорка на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Жаклина Ангеловска, година дена подоцна рече дека законската регулатива ќе се спроведува за сите подеднакво. Официјални податоци до каде е борбата со урбаната мафија и кои се резултатите на Министертвото за транспорт и врски, под чија надлежност е и Државниот инспекторат не добивме.

Интересот за градење на згради е голем. Цените на становите во Скопје се предизвик за градење, а заработувачката е голема. Според статистичките податоци, просечна цена за еден метар квадратен метар станбен простор во Скопје е 850 евра, но новиозградените станови се и повеќе од двојно поскапи. Урбаната мафија ги зафаќа и градежниците, создава нелојална конкуренција, на инвеститорите им ветува повеќе станбени квадрати кои се надвор од пропишаните услови за градба. Претседателот на здружението на градежници, Никола Велковски вели дека оние кои градат бесправно им го уриваат имиџот на тие што работат чесно и по правила и воедно и ја ,,буткаат" цената на пазарот нудејќи поефтина работна сила.

,,Надвор од оние официјални урбанистички услови што се издадени, сеуште можат да изградат нешто плус, да додадат, да надградат, и тоа прави потоа една лоша слика кај другите инвеститори затоа што тие понатаму се подведуваат под тие услови и си велат, како може некој да гради на тој начин, а ние да се придржуваме до условите. Ние што се придржуваме и што работиме коректно според законите, имаме проблем кај инвеститорите бидејќи тие трчаат, дел од инвесторите наседнуваат, на приказните на вакви ,,градежници" што условно кажано ја поддржуваат таа урбана мафија, бидејќи тие успеваат да им ветат поголеми површини при отстапување на простор за градба, или при градба поевтино им работат, затоа што тие знаат дека после ќе профитираат со тоа што нелегално ќе го изградат."
Со желбата да продадат што повеќе простор најчесто не ги почитуваат законите за градење, максималните линии, градежните височини, не обезбедуваат доволен број на паркинг места, најмалку од се водат сметка за архитектонското обликување и проектирање

Колку често инвеститорите даваат такви непристојни предлози?

,,Порано тоа беше многу честа појава и да ви кажам и самите инвеститори малку си придонесоа да ги ,,потхрануваат" овие вакви нелегални групи и групации кои што практично се застапници на таа урбана мафија, за да им работат. Кога видоа дека тие практично им ветија големи проценти и голем простор да им отстапат, од она што после тоа го изградија и неможеа да го изградат, сега веќе и инвеститорите се по претпазливи, макар што сеуште некој влегуваат со непроверени фирми и им веруваат и на крајот се случува инвеститорите да останат со неисполнети ветувања од овие изведувачи и нема да го добијат завршен објектот."

Не се почитуваат основните закони за градење

Поради вакавата состојба со урбаната мафија, неодамна дипломираната архитектка Славица Читаровска вели дека стравува од непристојни предлози за работење на проекти кои поради определен основ се нелегални.

,,Сето ова што се случува во градот е резултат на тоа што многу малку луѓе се осмелуваат да се спротивстават на тој начин. На пример, многу архитекти работат во некое мало студио за 15 000 денари не пријавени, нормално дека не би можеле никако да се спротивстават на таа машинерија."

Згради повисоки, помали, без паркинг простор... Не се почитуваат градежните прописи
Читаровска вели дека во борбата за брз профит се појавиле голем број на корумпирани групи од политичари, богаташи-инвеститори, архитеткти и урбанисти, а како последица од нивното дејствување е драматично намалениот квалитет за живеење.
Сето ова што се случува во градот е резултат на тоа што многу малку луѓе се осмелуваат да се спротивстават на тој начин

,,Со желбата да продадат што повеќе простор најчесто не ги почитуваат законите за градење, максималните линии, градежните височини, не обезбедуваат доволен број на паркинг места, најмалку од се водат сметка за архитектонското обликување и проектирање... Она што доминира во градската слика како архитектура со право може да се нарече ,,турбо фолк" архитектура."

На сета мака и политиката дотура масло во огнот. Советникот од СДСМ во скопската општина Кисела Вода, Бранко Георгиевски вели дека постојано се менуваат, дополнуваат и изменуваат урбанистичките планови. Несогласувањето на генералниот со деталниот урбанистички план не е непозната ситуација во општината. Аферата со Фи-Ком се случи токму во таа општина.

,,Самиот факт што на претходниот градоначалник му беа одземени надлежностите во делот на урбанизмот од Министерството за транспорт и врски, е доволен показател колку и како се има собрано околу урбаната мафија и незаконското градење во Кисела Вода. Ако во Кисела Вода има само еден градежен инспектор, може да замислите колку може на територија од Рампа до Студеничани секојдневно да ги следи дивоградбите и работата на сите инвеститори."

Претседателката на политичката партија ДОМ, Лилјана Поповска вели дека, минатата година, во општината Карпош се појавил проблем со инвеститор кој нема одобрение за градење на зграда од седум ката. Во тој период градоначалникот на општината Стевче Јакимовски се огради од одговорност, како што вели тој, затоа што пријателите на Поповска им издале документи на инвеститорит кои граделе. Таа, пак, не се согласува со ваквите тврдења.

,,Апсолутно никого од граѓаните не го интересира кој донел какви документи, важно е дека има една скандалозна, криминална состојба што мора да смени."

Поповска додава дека политиката има големо влијание во урбанизмот.

,,Во урбанизмот и во тие матни урбанистички зделки, сите се браќа и другари. Нема разлика во партии, во вери, во нации, сите си се едно, сите си се разбираат убаво, со тоа што некој кога е во опозиција се буни и критикува додека се носи некаков урбанистички план, меѓутоа откако ќе се донесе не го оспорува на суд, туку и тој продолжува да си гради користејќи го тој скандалозен урбанистички план."

Катастарската евиденција заштита за граѓаните


Правничката Лорија Ваневска советува како да се избегне правен проблем како Фи-Ком, инвеститорот повеќекратно да продава ист стан и за него доствува документи за сопственост.

,,Со задолжително задолжение на оние коишто продаваат станови, дали се тоа инвеститорите или самите газди на парцели кои се појавуваат како инвеститори, да сите оние договори што се склучувани додека самиот објект бил во градба, да бидат евидентирани во еден посебен лист имотен или евиденционен како и да го наречете, во Катастарот како јавна книга. Така што секој што сака да скучи ваков договор може во секое време да направи проверка во јавните книги и може да утврди дали тој стан е веќе продаден на трето лице или е сеуште слободен."

Урбаната мафија постои, велат познавачите, бидејќи во системот во кој се испуштени многу важни елементи и дозволил да се развие. Тие ги посочуваат честите менувања на закони, транзицијата, укинувањето на некои институции, недореченостите во ингеренциите и децентализацијата како дел од она што создава плодно тло за развивање на урбаната мафија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG